29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија урива рекорди во извозот на нафта во Кина и Индија

Русија урива рекорди во извозот на нафта во Кина и Индија

Неколку дена пред почетокот на состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници (OPEC+), статистиката покажува дека Русија во мај извезла рекордни количини нафта во Кина и Индија. И двете земји имаат корист од големите отстапки што ги добиваат од Москва, која бара алтернативи за европскиот пазар изгубен на крајот на 2022-ра година.

Според податоците на „Vortexa“ и „Kpler“, Индија и Кина во мај добиле 110 милиони барели руска нафта, што е зголемување за 10%. Овој пораст главно се должи на Индија, каде испораките се во обем од 62,8 милиони барели. Извозот во Кина останува на нивоата во април.

Кинеските независни рафинери почнаа да купуваат руска нафта од почетокот на 2023-та година и го зголемуваат купувањето во последните месеци и покрај податоците за побавното закрепнување на Кина од очекуваното. Имаме се повеќе купувачи од Кина, изјавија за „Reuters“ извори од руската нафтена компанија.

Според податоците на Министерството за финансии на Русија, просечната цена на сортата Урал во мај паднала на 53,34 долари за барел. За споредба, норвешката нафта од Северното Море се тргуваше по 75,52 долари. Во овој опсег се движеше и цената на европската сорта Брент.

Брент падна во просек за околу 10 долари за барел од април, бидејќи пазарите се оддалечија од намалувањето на производството на ОПЕК + и се фокусираа на кризата на плафонот на американскиот долг и слабите податоци за кинеската економија.

Според објавата во „The Wall Street Journal“, се создава конфликт меѓу Саудиска Арабија и Русија поради неодамнешните акции на Москва. Сепак, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, цитиран од „ТАСС“, рече дека Саудиска Арабија и Русија изградиле „конструктивни односи засновани на меѓусебно разбирање, почит и доверба“.

Трговците велат дека руските нафтени компании го зголемуваат извозот во обид да го надоместат падот на приходите предизвикани од плафонот на Западот на цената на руската нафта. Сепак, ова ги поткопува напорите на Ријад да го запре падот на цената. Поевтините залихи постепено ги поместуваат Блискиот Исток и африканските земји од нивните традиционални нафтени дестинации.

ОПЕК + веројатно нема да прибегне кон дополнително намалување на производството на состанокот во Виена, велат извори на агенцијата. Причината главно е што во последниот месец страните во картелот не можат да ги покријат своите квоти. Пресметките на „Reuters“ покажуваат дека проблемите во Нигерија и Ангола го ограничиле производството за вкупно 600.000 барели дневно. На пазарот недостасуваа испораки од Курдистан, Северен Ирак, во обем од околу 220 илјади барели дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП