Ограниченото издание на „Volkswagen Golf“ се распродаде со голема брзина.
По „Golf R Performance“ и „Golf R 20 Years“, пристигна и „Golf R 333“. Симболичната бројка во името значи дека „Volkswagen“ ќе понуди точно 333 единици, но и дека автомобилот ќе има исто толку „коњи“ под хаубата. Секој примерок ќе чини 76.410 евра.
Презентиран е во средата на 31-ви мај, а неговата продажба која започна во петокот на 2-ри јуни заврши по само 8 минути. Испораките започнуваат во октомври.

Инаку дојдоа некои нови времиња кога „Golf“ има мотор кој произведува над 300 ks. Поточно, 333 ks, а тоа е добро познатиот бензински мотор 2.0-литарски „TSI“.
Специјалната верзија ќе ја препознаете и по новата жолта нијанса што се нуди на обичниот „Golf“, но никогаш не била достапна на верзијата „R“.

Во исто време, покривот е црн, исто како и деталите на каросеријата и 19-инчните тркала „Estoril“. Издувниот систем „Akrapovic“ ја заокружува понудата на најскапиот „Golf“.
Додадете ги на тоа сините сопирачки клешти, затемнети стакла и LED матрикс светла, и тоа е сè од вестите за надворешноста на автомобилот.

Во кабината, покрај етикетата за специјална верзија, има и озвучување „Harman Kardon“, „IQ. Drive“ системот за помош при возењето и навигацијата „Discover Pro“.
Оваа верзија може да развива и 270 km/h, со забрзување до 100 km/h за 4,6 секунди.
Како што е најавено, секој изложбен салон ќе може да добие само по еден примерок од 2-ри јуни, кои веќе се распродадоа, а испораката ќе започне во октомври како што споменавме погоре.