6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрај за Aston Martin Cygnet

Крај за Aston Martin Cygnet

cypnet

По само две години од лансирањето, „Aston Martin“ објави дека престанува со производството на луксузниот мал градски автомобил „Cygnet“.

Гласините дека „Cygnet“ би можел да биде укинат се појавија неодамна во автомобилските медиуми, а веста официјално ја потврди претставникот за печат на британскиот производител. Според неговите зборови „Cygnet“ нема да има свој наследник, а компанијата во наредниот период ќе го насочи своето внимание во развојот на спортски автомобили кои за неколку години ќе добијат „AMG“ мотори.

Веста за прекинувањето на производството не претставува изненадување со оглед дека овој автомобил имаше малку допирни точки со вистинските модели на „Aston Martin“. „Cygnet“ во суштина претставува луксузно опремена верзија на „Toyotа IQ“ со маска на ладилникот на „Aston Martin“ и други претежно козметички подобрувања во однос на оргиналниот модел под хаубата беше задржан 1.33 литарскиот четирицилиндричен бензински мотор на „Toyotа“ со 98 ks (72 kW).

Основната причина за лансирањето на моделот „Cygnet“ беше намерата на „Aston Martin“ да ја намали просечната потрошувачка на „CO2“ емисијата на своите модели. Овој проблем во иднина би требало да се реши со воведувањето на еколошко прифатливите мотори, поради тоа британската компанија склучи договор со „AMG“ одделението на „Mercedes“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП