1 мај, 2024
ПочетнаСВЕТМакрон: Приштина е одговорна за немирите во Косово

Макрон: Приштина е одговорна за немирите во Косово

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Братислава изјави дека Приштина е одговорна за немирите на северот на Косово и рече дека се надева оти средба со лидерите на Србија и Косово ќе се одржи на маргините на утрешниот самит на европската политичка заедница со учество и на германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Јасно е дека одговорноста е на косовските власти и нивното непочитување на договорот, кој е важен, а кој беше постигнат пред неколку недели“, објасни Макрон.

На прес-конференцијата во Братислава, каде што се одржува безбедносниот форум на „Глобсек 2023“, Макрон, на прашањето за неодамнешното насилство на северот на Косово, рече дека косовските власти одлучиле да не го почитуваат постигнатиот договор и процес кој започна со посредство на ЕУ.

„Јасно е дека косовските власти одлучија да не го почитуваат договорот што беше постигнат и процесот што беше започнат со посредство на ЕУ, што беше договорено со мене и канцеларот Шолц и што овозможи напредок. Ние јасно му кажавме на Косово дека е погрешно да се спроведат избори во ситуација на бојкот“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП