25 април, 2024
ПочетнаСВЕТФон дер Лајен најави нов план за Западен Балкан: Четири столба за...

Фон дер Лајен најави нов план за Западен Балкан: Четири столба за забрзување на патот кон ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен најави нов план за приближување на Западен Балкан до Европската Унија. Говорејќи на безбедносниот форум „ГЛОБСЕК“ во Братислава, таа рече дека ЕУ треба да стори повеќе за да допре до членките во регионот кои се стремат да се приклучат, откривајќи план од четири точки за поттикнување на локалниот развој.

Фон дер Лајен изјави дека новиот план за раст на Западен Балкан е вистинската работа за регионот и во вистинско време, како и дека оваа иницијатива ќе им овозможи на граѓаните на Западен Балкан одредени придобивки што ги имаат членките на ЕУ денес. Таа нагласи дека заедничка цел е да се забрза патот на земјите од регионот кон Европската унија и оти ЕУ го сака Западен Балкан во Унијата.

„Сакаме да се надоврземе на грешките направени во претходниот период, но сакаме и да обезбедиме одредени придобивки што ги имаат членките на ЕУ за граѓаните од Западен Балкан денес. Планот за раст што го предлагаме се заснова на четири столба. Првиот е да да го доближи Западен Балкан до единствен европски економски пазар, второ да ја продлабочи регионалната економска интеграција, да ги забрза фундаменталните реформи и да ги зголеми претпристапните фондови. Во извесна смисла, ова е нов пристап кон Европската унија. Ние не сакаме само да ги замолиме нашите партнери да преземат нови чекори кон нас, но ние сакаме да направиме голем чекор кон нив. Наша заедничка цел е да го забрзаме нивниот пат кон Европската унија“, изјави претседателката на Европската комисија.

Како што рече, сите земји кои се приклучија на ЕУ во последните две децении добија пристап до единствениот економски пазар, што беше главниот двигател на нивниот економски успех.
„Но, земјите кои веќе се на перспективен пат кон ЕУ треба да имаат корист од единствениот пазар. На пример, Западен Балкан може да пристапи до нашиот единствен дигитален пазар во области како што се е-трговија или сајбер безбедност. Можеме да посредуваме во трговијата, услугите и плаќања. Сакам нашиот единствен пазар да биде двигател на промените. Не само за земјите кои се приклучија на нашето семејство, туку и за оние кои се на пат. Оваа поблиска соработка на нашиот единствен пазар треба да оди рака под рака со заедничката регионален пазар“, рече претседателот на Европската комисија.

Според неа, единствениот регионален пазар е клучен за огромниот економски потенцијал на регионот и е важен за да го направи Западен Балкан поатрактивен за европските инвестиции.

Таа рече дека доколку се заснова на европски правила и стандарди, овој заеднички регионален пазар ќе го забрза пристапот во Европската унија.

„Сакаме однапред да му понудиме на Западен Балкан некои од предностите на членството. Секако, тоа значи и дека однапред мора да се исполнат одредени услови за членство. Некои од реформите кои се дел од пристапниот процес се клучни за довербата на инвеститорите. Изградбата на независно и ефикасно судство, кое обезбедува транспарентни јавни набавки, борба против корупцијата или енергетскиот пазар“, рече Урусал фон дер Лајен.

Таа нагласи дека регионот на Западен Балкан има огромен потенцијал да се диверзифицира подалеку од руските фосилни горива, но дека мора да ја зголеми енергетската ефикасност, да се поврзе со други извори на снабдување, а дополнително, потребни се огромни инвестиции во обновливи извори на енергија.

„Западен Балкан може да ги постигне двете работи. Тие можат да станат енергетски независни од Русија и да се договорат со Европската унија за забрзување на пристапувањето. Подготвени сме да го поддржиме Западен Балкан со зголемени претпристапни средства. Ова мора да се направи. Има огромна потреба од инвестиции во Западен Балкан, а овие инвестиции ќе го подобрат животот на луѓето и тоа ќе го олесни нивниот влез во ЕУ. Поради оваа причина, ние треба да ги зголемиме ресурсите што се наменети за Западен Балкан, а јас мислите дека овој план од четири точки е вистинската работа за Западен Балкан и во вистинско време, во проблематично време“, рече претседателката на Европската комисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП