19 април, 2024
ПочетнаСВЕТАмериканските власти не ги поддржуваат нападите на Украина на руска територија

Американските власти не ги поддржуваат нападите на Украина на руска територија

САД не поддржуваат воени напади врз Русија, соопшти денеска Стејт департментот по нападот со беспилотно летало врз Москва, што Кремљ им го припиша на украинските сили.

„Општо земено, ние не поддржуваме напади во Русија. Фокусирани сме на обезбедување на Украина со опрема и обука неопходни за повторно заземање на сопствената суверена територија“, се вели во изјавата на портпаролот на американската дипломатија на маргините на посетата на државниот секретар Ентони Блинкен на Шведска.

Главниот град на Русија рано утринава бил цел на напад на беспилотно летало, што предизвикало „мали“ оштетувања на зградите и во кој нема жртви, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека нападот на Москва во мугрите е одговор на рускиот напад врз штабот на украинската воена разузнавачка служба.

„Веќе ја споменавме можноста за напад врз центрите за одлучување. Еден од тие центри е штабот на (украинското) воено разузнавање, кој беше нападнат пред два или три дена“, рече Путин на телевизија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП