3 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАОсмани на Глобсек ја претстави идејата „Повеќе интеграција пред членство“

Османи на Глобсек ја претстави идејата „Повеќе интеграција пред членство“

Во Северна Македонија ја претставивме идејата „Повеќе интеграција пред членство“, што значи дека на земјите кандидати за членство во Унијата им требаат краткорочни, но веродостојни чекори за напредок. Ова го истакна шефот на дипломатијата и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи на Форумот ГлобСек 2023 во Братислава.

„До сега ја имаме визната либерализација, транспортната заедница, енергетската заедница – сите три се добар пример за ЕУ како извозник на вредности и обврски во регионот пред членството. Така што, треба да ги прошируваме овие области на политики во кои земјите кандидатки ќе можат да бидат дел пред членството, како мерењето на резултатите од судските реформи или делови од единствениот пазар исто така, но секако ова треба да биде придружено со финансиска поддршка“ истакна Османи.

Министерот рече дека целта на концептот е на земјите од Западен Балкан да им се дозволи пристап до фондовите и набљудувачки позиции во европските институции.

„Тоа значи дека треба да го промениме и нашиот пристап од подобност за искористување на претпристапните фондови во подобност за пристап до структурните и кохезивните фондови. И мислам дека на овој начин ќе изградиме чекори, ќе го одржиме кредибилитетот, ќе ги задржиме нашите луѓе во процесот, ќе се обидеме да управуваме со влијанијата на трети страни, кои секако, не нудат алтернатива за регионот, туку само ја зголемат оваа енергија на фрустрација на луѓето и ја насочуваат во нивните полиња на интерес. Ова не треба да се гледа како алтернатива на членството, туку како процес на одржување на кредибилитетот на процесот на тој пат“, рече министерот и претседавач со ОБСЕ, Османи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП