26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре на полноќ одмрзнуваат замрзнатите цени

Утре на полноќ одмрзнуваат замрзнатите цени

По дава месеци замрзнати цени на дел од прехранбените производи, во четврток завршува оваа владина мерка која имаше за цел да ја заузда инфлацијата но и да ја подобри куповната моќ на граѓаните. Мислењата на граѓаните се поделени во однос на ефектот кој е постигнат од мерката, а пак на терен инспекторите затакнаа голем број на нерегуларности од страна на несовесно трговци. И стопанствениците со различни ставови во однос на мерката за замрзнување на цените, но едногласни се дека нагорна корекција односно драстично поскапување нема да се случи.

Цените на прехранбебите производи кои беа ограничени со владина мерка пред велигденските празници од четврток е можно да се зголемат. Такви се очекувањата на граѓаните кои веќе започнаа да реагираат и да бараат одговори од властите преку социјалните мрежи и медиумите.

Денар стапи во контакт се мелничко – пекарската индустрија од каде ни соопштија дека не планираат да ги зголемуваат цените на своите производи, односно граѓаните да не стравуваат дека лебот кој сега се продава по 33 денари ќе добие цена иста како пред замрзнувањето на цените, велат дека тоа нема да се случи. Нивните пресметки се дека за време на овие два месеци пекарскиот сектор има сериозна загуба, односно околу 50 илјади евра за малите и над 300 илјади евра за големите пекари.

„Цените на пекарските производи и на лебот ќе останат на исто ниво како овој период. Цените на енергенсите се намалени и затоа сега може да бидеме спокојни и ние производителите но се разбира и граѓаните. Доколку има некое зголемување на цените тоа не би било поголемо од неколку денари на одредени производи“, велат од Мелничко пекарската индустрија.

Што се однесува до цените на земјоделските производи кои од почетокот на април се замрзнати, тие со сигурност нема да пораснат. Потврда за тоа дава и моменталната состојба на цените како во маркетите така и на зелените пазари. Дел од тие производи се продаваат и за двојно пониска цена од онаа која треба да биде максимална. Поради тоа од Владата веќе најавија дека нема потреба мерката да продолжи и во периодот што следи.

„Нема да продолжи мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи, имајќи предвид дека цената на одредени производи веќе е пониска од утврденото ниво. Инфлацијата во делот на прехранбените производи нагло се намалува, така што очекуваме во јуни инфлацијата во земјата да биде пониска од десет отсто. Во делот на различни мерки, ние на дневна база правиме анализи и секогаш може да се усвојат, тоа ќе го правиме секако во соработка со стопанските комори“, велат од Владата.

Информациите кои ги добивме од Државниот пазарен инспекторат се дека само во последниве две недели од извршени речиси 200 контоли кај трговци и регистрирани се над 50 неправилности во однос на цените по кои треба да се продаваат прехранбените производи кои ги опфаќа владината мерка. Сите тие заработија парична казна.

„Како институција постапуваме во согласност со законите, а кај оние економски оператори доколку е констатирано прекршување и непочитување на било кој закон за кој како пазарен инспекторат сме надлжени, се санкционира без селективност. Целта не е само да ги казнуваме вршителите на трговска дејност, туку на тој начин да се изврши едукација, преку која нема повторно да ја направат грешката“, велат од пазарниот инспекторат.

Претходно, дел од трговците од Кванташките пазари низ Македонија заработија и кривични пријави поради фискално затајување на данок токму за продажба на земјоделски производи на големо.

Од четврток, први јуни повеќе замрзнати цени нема да имаат белиот леб, млекото, брашното, шеќерот, месото, сирењето, урдата, тестенините, јајцата, оризот, како и дел од земјоделскиот производи, гравот, леќата, доматите, краставицата, пиперката, кромидот, како и дел од овошјето – бананите, лимонот, мандарините, портокалите.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП