26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрегзит требаше да ја намали имиграцијата, наместо тоа достигна рекорд

Брегзит требаше да ја намали имиграцијата, наместо тоа достигна рекорд

Кога Британија гласаше за напуштање на ЕУ во 2016-та година, многу поддржувачи на Брегзит се надеваа дека овој потег ќе ја намали имиграцијата со тоа што ќе го прекине правото на граѓаните на земјите-членки на ЕУ слободно да се населуваат таму, растечки тренд за кој некои Британци велат дека им ги одзема работните места на локалните граѓани, пишува „Wall Street Journal“.

Наместо тоа, имиграцијата се искачи на рекордно високо ниво бидејќи зголемениот број на мигранти надвор од ЕУ го надомести остриот пад на оние од земјите-членки на ЕУ. Додека владејачката Конзервативна партија постојано ветуваше дека ќе го намали бројот на мигранти по Брегзит, наместо тоа, дозволи повеќе луѓе да влезат во земјата во обид да го поддржат стагнантниот економски раст.

Бројките објавени во четвртокот од Канцеларијата за национална статистика покажаа дека нето миграцијата во 2022-ра година пораснала за 606.000 луѓе, што е најголем пораст досега. Бројките не ги вклучуваат мигрантите кои илегално пристигнале со бродови преку Ла Манш, чиј број се зголеми за 60 отсто минатата година на рекорд од околу 45.000.

„Бројките се превисоки, многу е едноставно и сакам да ги намалам“, коментира премиерот Риши Сунак.

Спротивно на тие коментари, на почетокот на оваа недела главниот економист на Банката на Англија (AЦБ), Хју Пил, рече дека миграцијата повисока од очекуваната ја зголемила прогнозата на банката за економски раст на Британија за 20 базични поени, нагласувајќи ја потребата на Островот работниците да ги пополнат работните места.

Искуството на Британија покажува дека дури и кога индустријализираните земји сакаат да ја ограничат миграцијата и да преземат драстични чекори за да го сторат тоа, тие можат да бидат под притисок да им дозволат на имигрантите да влезат за да избегнат штета на економијата од недостигот на работници. Во Британија, работната сила е помала отколку пред пандемијата и некои индустрии се жалат дека не можат да најдат доволно вработени.

Тоа ги покажува и политичките главоболки на оваа размена. Бројките за имиграцијата предизвикаа критики од некои конзервативни пратеници, кои рекоа дека гласачите сакаат да се намали протокот на имигранти. Владата на Сунак објави нови ограничувања оваа недела за бројот на членови на семејството што студентите со визи можат да ги внесат во земјата. Анкетите покажуваат дека Британците се измешани по прашањето дали мигрантите се благодет или не, но за нив е многу важно владата да го контролира приливот на луѓе во Британија.

Доделувањето на хуманитарни визи за околу 300.000 луѓе од Украина по инвазијата на Русија и од Хонг Конг во позадина на растечката политичка репресија во поранешната британска колонија, исто така, придонесе за растот. Но, тоа беше поттикнато и со наглото зголемување на визите за студенти и работници од земјите кои не се членки на ЕУ. Околу 136.000 визи беа издадени на студентски семејства во 2022-ра година, што е осумкратно зголемување во однос на 2019-та година.

Повеќето економисти се согласија дека Брегзит ќе ја либерализира трговијата со остатокот од светот, но ќе ги зголеми бариерите за трговијата со ЕУ, најголемиот трговски партнер на Велика Британија, и дека нето економското влијание ќе биде негативно. Повеќето економисти, исто така, очекуваа дека поголемата миграција од остатокот од светот нема да биде доволна за да се компензира падот на мигрантите од Европа, што е уште една нето негатива, рече Џонатан Портс, економист од Кралскиот колеџ во Лондон кој ја следи имиграцијата.

„Бевме во право за првиот дел, а згрешивме за вториот. Бевме во право за основната економска логика, но политиката за која мислевме дека ќе биде скромна либерализација на миграцијата од остатокот од светот, всушност се покажа како доста значајна либерализација“, додаде тој.

„Дали порастот на бројките е дел од долгорочен тренд сè уште е рано да се каже“, рече Медлин Сампшн, директорка на Опсерваторијата за миграција на Универзитетот Оксфорд.

Голем дел од студентите кои пристигнале во Британија еден ден ќе си заминат, а најверојатно во наредните години ќе се намали бројот на мигранти од Украина и Хонг Конг. Ова би можело да ги намали бројките на долгорочниот просек од околу 200 до 250 илјади годишно.

Пред Брегзит, секој граѓанин на ЕУ имаше право да се насели и да работи во Британија. За време на референдумот, поддржувачите на напуштањето тврдеа дека земјата треба да има поголема контрола врз тоа кој влегува во него. По гласањето за напуштање, британската влада во 2021-ва година воведе нов имиграциски систем кој дозволуваше влез само на луѓе кои исполнуваат одредени критериуми како што се заработуваат плата од 26.200 фунти годишно или имаат одредено ниво на квалификација. Овој систем имаше за цел да спречи прекумерно изобилство на ниско платени работници во Британија, што го поттикна незадоволството против имиграцијата, истовремено охрабрувајќи ги компаниите да инвестираат повеќе во своите работници и да ги зголемат платите.

Во 2022-ра година, вкупната долгорочна имиграција, сите луѓе кои престојуваат повеќе од една година – се очекуваше да биде околу 1,2 милиони луѓе. Од нив, 925.000 биле државјани на земји кои не се членки на ЕУ.

Дури и сега, бидејќи владата дозволува повеќе визи за висококвалификувани работни места, од лекари до банкари, таа се обидува да ги спречи работниците со пониска квалификација.

„Тие генерално не сакаат да ги отворат границите за луѓето кои работат за ниски плати. Пред оваа работа да ја завршат претставниците на ЕУ“, вели Брајан Бел, претседател на британскиот советодавен комитет за миграција, кој ја советува владата. Тоа, исто така, значеше дека претставниците на ЕУ повеќе нема да имаат повластен пристап до Британија, што значително ќе го зголеми приливот од земји како Индија.

Но, новиот систем беше воведен токму кога се појавија недостиг на персонал и висока инфлација за време на пандемијата. Велика Британија е единствената голема западна економија чија работна сила е сè уште помала отколку што беше пред пандемијата поради комбинацијата на долго боледување, помала имиграција од Европа и луѓе кои предвремено се пензионираат. Банката на Англија соопшти дека овој недостаток ја поттикнал инфлацијата бидејќи компаниите се принудени да ги зголемат платите за да привлечат персонал, а другите компании едноставно не можат да растат бидејќи не можат да најдат доволно персонал.

Јасно е дека илегалната миграција има влијание врз јавното мислење. Британската влада е фокусирана на запирање на илегалната миграција, главно во форма на мали чамци кои доаѓаат од Франција. Сунак постојано вети дека ќе го спречи феноменот и склучи договор со Франција која вети дека ќе помогне во сузбивањето на шверцерските мрежи. Владата, исто така, се заканува дека ќе ги депортира мигрантите кои илегално пристигнуваат од африканската земја Руанда. Таа политика досега беше блокирана од судовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП