Невролозите и неврохирурзите од институтот EPFL, Универзитетската болница во Лозана и Универзитетот во Лозана објавија извештај во списанието Nature, во кој наведуваат дека воспоставиле комуникација помеѓу мозокот и ‘рбетниот мозок преку безжичен дигитален мост, овозможувајќи парализирана личност повторно да оди самостојно.
Холанѓанецот Герт-Јан Оскам (40) е парализиран поради повреда на вратот во сообраќајна несреќа со велосипед пред 12 години. Преку електронските импланти, неговите мисли безжично се испраќаат до неговите нозе и стапала, што олеснува уште еден имплант сместен на неговиот рбет.

