27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонски Леов и Симпо од Врање заеднички инвестираат во производство на бојлери

Македонски Леов и Симпо од Врање заеднички инвестираат во производство на бојлери

На заедничката седница на Надзорниот и Извршниот одбор на Симпо ад Врање, на која присуствуваше и претседателот на Синдикатот, беше одобрено склучување на Прелиминарниот договор за заедничка инвестиција помеѓу Симпо АД Врање и македонската компанија Леов од Велес.

Надзорниот одбор на компанијата од Врање соопшти дека одлуката е донесена врз основа на детален писмен предлог на генералниот директор на Симпо Слаѓан Дисиќ, објави еКапија повикувајќи се на прилогот на ТВ Врањска плус.

Најавено е формирање на компанијата Симпо – Леов, со седиште во Врање, а основна дејност ќе и биде производство на електрични апарати, опрема и уреди, пред се бафери и бојлери.

Во новооснованата компанија Симпо инвестира градежен објект со придружна инфраструктура, а Леов опрема и „know-how“, се наведува во огласот.

Вкупната вредност на инвестицијата ќе биде околу 11 милиони евра, а новата компанија Симпо – Леов треба да вработи вкупно 200 нови работници, од кои 100 во првата година од инвестицијата.

Во соопштението се посочува дека Леов е еден од најголемите производители на бојлери на Балканот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП