7 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАГерасимовски: Центар скокна 11 места по транспарентност за една година

Герасимовски: Центар скокна 11 места по транспарентност за една година

Општина Центар за само една година скокна 11 места по транспарентност според Извештајот на за извршената проверка на објавените документи и информации од општините и центрите за развој на плански региони во РС Македонија кои како иматели на информации се обврзани да ги објават на своите веб-страници.

Според резултатите Општина Центар спаѓа во групата со високо ниво на транспарентност односно се наоѓа на 11 место од 89 општини, со 49,5 бодови од вкупно 58 бодови. Споредбено од 2021 година Општина Центар има пораст за 11 места во однос на високото ниво на транспарентност. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски смета дека скокот за 11 места по транспарентност во информирањето се должи на новиот начин на работа преку директни средби со граѓаните и слушање на нивните потреби.

„На чесност и отчетност во работењето се залагав уште како кандидат за градоначалник на општината и денеска ми е мило што нашиот начин на работа е препознаен и највисоко оценет од сите скопски општини. Отвореноста во работата ја зајакнува врската меѓу локалната самоуправа и граѓаните. Таа доверба не само што се стекнува преку транспарентност во работењето и целосен увид и информирање туку и преку вклучување на граѓаните при креирањето и реализирањето на проектите. Директните средби меѓу општината и граѓаните носи резултати за сите нас во Центар. Ние не само што ги информираме граѓаните туку и тие не информираат нас преку дојави за дивоградби по кои постапуваме или други неправилности во општината“, вели градоначалникот на Општина Центар Герасимовски. 

Според Извештајот за извршена проверка на објавените документи и информации, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер мониторирала 89 иматели на информации според методологијата на мониторирање. По региони, во скопскиот регион Општина Центар е на прво место за проактивна транспарентност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП