3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – БДП на Србија во вториот квартал во 2013 година реално е зголемен за 0,2 отсто во однос на истиот период лани. Според десезонираните податоци, помал е за 0,3 проценти од првиот квартал. Значаен реален раст на бруто додадената вредност во вториот квартал во однос на 2012 година забележан е во секторите за информирање и комуникации (9,6 отсто), снабдување на електрична енергија, гас и пареа (3,2 отсто), снабдување со вода и управувањето со отпадните води (2,4 отсто) и секторот за преработувачка индустрија (1,0 отсто).

Белград – Иако Србија по жител троши помалку струја, гас и нафта од Европјаните, кога потрошувачката ќе се спореди со развојот на стопанството, таа е четири пати поголема од просекот на ЕУ. Како што пишуваат Новости, просечниот потрошувач во Србија искористува 2,5 пати повеќе енергија од Данец. Само за греење во нашата земја годишно се трошат 220 киловат часови по квадрат, додека во Данска специфичната потрошувачка на енергија е само 96 киловат часови по метар квадратен. Србија денес има најнизок степен на енергетска ефикасност во Европа. Бидејќи кај нас струјата убедливо е најефтина во Европа, дури 85 отсто од вкупната енергија ја трошиме на греење на домаќинствата.

Белград – Управата за јавниот долг на Србија најави дека во четвртиот квартал ќе ги понуди на продажба државните обврзници деноминирани во евра за вкупно 300 милиони евра. Ќе бидат понудени и динарски записи за 105,6 милијарди динари. За 8 октомври е закажана аукција на 5 годишни обврзници за 50 милиони евра. Во ноември аукциите на 12 и 20 кога ќе бидат понудени 50 неделни записи за 50 милиони и двегодишни обврзници за 100 милиони евра.

Љубљана – Словенечката компанија Крка соопшти дека до крајот на оваа година очекува благ раст на приходот од продажбата од 1,14 милиони евра на 1,2 милиона. Се очекува стабилно ниво на нето добивката од најмалку 160 милиони евра. Како што пренесе порталот Сеебиз, повикувајќи се на словенечкиот весник Капитал, Крка за следната година планира да отвори 500 нови работни места и да обезбеди средства за инвестиции во висина од минимални 160 милиони евра.

Њујорк – Кока Кола со години беше најмоќниот и најпрепознатливиот светски бренд, но во дигиталното време сепак круната мораше да ја препушти на ИТ гигантите Епл и Гугл. Како што пренесува Њујорк тајмс, на листата на најмоќни брендови во светот, која од 2000 година ја составува консултантската компанија Интербренд, прв на врвот не е познатиот сок. Како што обично се вели Да живее кралот! А оваа година тој крал е Епл. Доаѓањето на таа компанија на врвот на листата и така беше само прашање на време – рече Џез Фремптон, извршен директор на Интербренд.

Берн – Синџирот Лидл објави дека ќе го зголеми износот на минималната месечна плата, почнувајќи од декември оваа година, од 3,800 на 4.000 франци, на територијата на цела Швајцарија. Како што пренесе швајцарскиот весник 24 часа, Здружението на вработените во трговијата (СЕЦ) и синдикатот го поздравија воведувањето на загарантираната плата од 4.000 франци која ќе претставува најголема минимална плата на вработените во малопродажбата.

Атина – Тројката меѓународни кредитори најави пауза во преговорите со Грција за деблокада на новата транша на финансиката помош. Делегација на меѓународните кредитори ММФ, ЕУ и ЕЦБ престојува во Атина од 17 септември за проценка на состојбата на јавните финансии на таа земја. Според соопштението на кредиторите, оваа пауза во преговорите ќе овозможи вршење на техничкиот дел од работата, при што исто така е укажано дека грчката влада остварила голем напредок на планот на спроведување на економската програма.

Брисел – Годишната стапка на инфлација во еврозоната остро падна во септември на 1,1 отсто, по августовскиот пад на 1,3 отсто, покажуваат прелиминарните податоци на Евростат. Со новото успорување на инфлацијата најмногу придонесе големиот пад на цената на енергијата, која се намали за 0,9 отсто по августовскиот пад од 0,3 отсто, додаде Евростат. Цените на храната, пијалоците и цигарите во септември забележаа најголем раст од 2,6 отсто, иако понизок во однос на августовскиот раст од 3,2 отсто, додека цените на услугите пораснаа за 1,5 отсто во однос на претходните 1,4 отсто.

Токио – Тошиба ќе го преполови бројот на вработените во производството на телевизори и следните шест месеци ќе го прекине производството во две од три фабрики во овој сектор надвор од Јапонија. Компанијата во соопштението прецизира дека ќе затвори 3.000 работни места во рамки на секторот за производство на телевизиски апарати, од кои 2.000 во странство. Тошиба располага со една фабрика за телевизори во Кина, една во Индонезија и една во Полска, но во соопштението не се наведува која од овие фабрики ќе престане со работа.

Берлин – Германскиот технолошки гигант Сименс планира до крајот на идната година да укине 15.000 работни места во светот, вклучувајќи 5.000 во Германија. Намалениот број на вработените е дел од планот за штедење Сименс 2014 година, кое има за цел заштеда од најмалку 6 милијарди евра. Сименс во Германија ќе укине 2.000 позиции во секторот за индустрија, 1.400 во енергетиката, 1.400 во инфраструктурата и 200 во правните служби, рече портпаролот на компанијата. Оваа компанија има околу 370.000 вработени, од кои 119.000 во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП