25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНевербална комуникација на интервју за работа

Невербална комуникација на интервју за работа

a11

Сте се запрашале ли кој дел од човечкото тело се возбудува десет пати при емоционален стрес? Одговорот е многу јасен за сите, тоа е човечкото око. Кога доживуваме емоционален стрес, нашите зеници се зголемуваат, а кога губиме интерес тие се намалуваат. Ове е еден елемент од невербалната комуникација.

Невербалната комуникација најчесто се дефинира како процес на праќање на пораки преку експресијата на лицето, гестикулацијата, ставот, бојата и тонот на гласот.

Невербалната комуникација ја сочинуваат: движењето на очите, ставот, движењето на рацете и нозете, тонот и фрекфенцијата на гласот, одалеченоста во текот на разговорот.

Морин Гвирдхам екперт во оваа област, ја дефинира невербалната комуникација како јазик преку кој без зборови искажуваме доверба, лутина, пријателство, антипатија. На пример, ако некој сака пријателски да е настроен кон вас, ќе ве гледа во очи, ретко ќе гледа наоколу, ќе се смее, ќе ја наведнува главата накај вас, рацете ќе ги држи на страна или покрај себе. Ова е пријателска комуникација.

Од друга страна непријателската невербална комуникација се манифестира преку прекрстени раце, не гледање во очи,  недостаток на насмевка и интерес.

Тој став на соговорникот му дава знаци дека не се согласуваме со него или пак дека не ни се допаѓа.

Но, да не заборавиме дека секогаш контекстот е од суштинско значење за декодирање на невербалнната комуникација. Луѓето понекогаш изразуваат негативна невербална комуникација, кога се болни или преокупирани со некои работи кои не се во врска со соговорникот. Исто така, личноста може и да ги прекрсти рацете ако и е студено.

Невербалната комуникација е голем фактор на интервју за работа.

Истражувањата покажале дека компаниите ги имаат избрано оние кандидати кои имаат покажано дозирана и точна употреба на невербалната комуникација, како насмевка, контакт со очи, отворен став на телото, оптимизам, искреност, структуираност и организираност.

Што покажува вашето тело во текот на интервјуто за работа:

Отвореност – отворен став на телото, насмевка, контакт со очи, непрекрстени раце и нозе, климање со глава.

Одбранбен став – вкочанетост, затворен став на телото, поглед на страна, минимален контакт со очи, без насмевка,  рамен тон на гласот.

Досада, нестрпливост – удирање со прсти, глава наслонета на рака, чистење или допирање на облеката, тело во насока накај излезот на вратата, гледање на саат, во книга.

Ентузијазам – насмевка, исправено тело, раце и рамена отворени, весел од, добро модулиран глас, отворени очи.

Недостаток на разбирање – насобрано и намрштено чело, подигната веѓа, засилен глас, гледање наоколу, неприродно климање на глава.

Стрес – празен поглед, вештачка насмевка, скаменет став, нервозно мрдање на раце, промена на расположение, говор без тон или премногу гласен говор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП