12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНеколку факти за McDonald`s кои веројатно не ги знаете

Неколку факти за McDonald`s кои веројатно не ги знаете

mcdonalds1

Најпознатиот ланец ресторани за брза храна во светот нема добра репутација кога станува збор за здравата исхрана или условите во кои работат неговите работници, но тоа не го спречува да биде најпознатиот и најголемиот ланец на ресторани за браза храна во светот.

„Business Insider“ ви претставува неколку факти за „McDonald`s“ кои веројатно не сте ги знаеле :

1. „McDonald`s“ секоја година продава околу 13 милијарди порции пржени компирчиња. Односно, околу 97 порции за секое дете годишно.

2. „McDonald`s“ вработува 1,8 милиони луѓе во целиот свет, што е двојно повеќе од бројот на жители во Скопје.

3. „McDonald`s“ во 2012 година на рекламирање потрошил 788 милиони долари, што е два проценти од вкупниот износ на глобалниот рекламен пазар.

4. Дневно „McDonald`s“ го посетуваат околу 63 милиони луѓе, што е повеќе од популацијата која живее во Велика Британија.

5. „McDonald`s“ продава повеќе од 75 хамбургери во секунда.

6. Секој осми Американец работел во „McDonald`s“.

7. Речиси сите луѓе во светот го препознаваат логото на „McDonald`s“.

8. „McDonald`s“ е најголемиот светски дистрибутер на играчки.

9. Само Американците за една година јадат 453 илјади тони говедско месо произведено во „McDonald`s“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП