26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Audi RS3“ не оди на електричен погон, ќе биде уште помоќен

„Audi RS3“ не оди на електричен погон, ќе биде уште помоќен

Во „Audi“, пред конечниот премин на струја, решија уште еднаш да седнат на тронот.

Кога станува збор за компактните автомобили со хот-хеч, титулата за најсилен и најбрз веќе некое време ја држи „Mercedes A Сlasѕ“. „Audi“ не го сака тоа премногу, па лесно може да се случи наскоро да бидеме сведоци на уште една специјална верзија.

Досега (во Европа) „Audi RS3“ не надмина 407 ks, а како што дознава британскиот „Autocar“, „RS3“ наскоро би можел да достигне нови височини.

Се подготвува јубилејната прослава, 40-годишнината на „Audi Sport“, а во оваа прилика 2,5-литарскиот петцилиндарец би можел да добие помоќно издание, потврди шефот на одделот Себастијан Грамс за британскиот магазин.

„Искрено, ние сме многу среќни што клиентите врескаат по тој автомобил, а ние не завршивме со тоа, така да се каже… Имаме пет цилиндри и сигурно ќе ги зголемиме во следниот чекор. Ќе ги зголемиме подобри го тоа“, вели Грамс.

Во моментот најдалеку е „Audi RS3 Performance Edition“ со 407 ks, додека горната граница на „hot-hatch“ моментално ја држи „Mercedes“ со 2.0-литарски турбо-бензинец и 421 ks.

За споредба, истиот мотор на „Audi“ во „Donkervoort D8 GTO F22“ произведува над 500 ks.

Познат е и рокот, а тоа е 2026-та година, кога „Audi“ ќе го претстави последниот модел придвижуван од мотор со внатрешно согорување.

Кога сè ќе се собере, најверојатно лебедовата песна на „RS3“ со дополнително засилен мотор ќе се појави паралелно со фејслифтот на актуелната генерација на „Audi A3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП