Претходно оваа недела на интернет се појави вест дека „Samsung“ подготвува серија на телефони, кои припаѓаат на „hi-end“ класата, а кои ќе го носат името „Galaxy F“. Денес, благодарение на извор од компанијата, дојде до потврда за оваа серија.

Името на серијата навистина ќе е такво, а апаратите во неа ќе се со стилски метални куќишта. Хардверот на овие паметни телефони, исто така ќе биде на ниво и тие ќе имаат 8-core процесор „Exynos“ и 16-мегапикселна камера со оптички стабилизатор на сликата.
Се очекува првите модели од луксузната серија да се појават во почетокот на следната година, а за нивниот оперативен систем ќе се погрижи, како „Android 4.3“, така и „Android 4.4 KitKat“, кој до тогаш ќе биде официјално претставен.