26 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Главен приоритет за нас е забрзувањето на економскиот раст“

„Главен приоритет за нас е забрзувањето на економскиот раст“

likegijang1

Кинескиот премиер Ли Кекианг изјави дека забрзувањето на економскиот раст е главен приоритет за неговата влада, тој ја истакна потребата за зајакнување на напорите за воведување на реформи во фискалниот, банкарскиот и финасискиот сектор, пренесува агенцијата Франс прес.

„Развојот е нашиот главен приоритет“, изјави Ли пред повеќе од 2.000 домашни и странски гости, меѓу кои беше и кинескиот претседател Кси Џинпинг, на прославата за Националниот ден на Кина.

„Ние ќе го забрзаме растот, ќе го интензивираме економското реструктуирање и ќе превземеме силни напори за зајакнување на домашната побарувачка“, изјави Ли.

Кинеската економија, втора по големина во светот, минатата година растеше за 7,7 проценти, што досега е најлош резултат во последните 13 години. Во вториот квартал од оваа година, кинеската економија забави на 7,5 проценти од 7,7 проценти кои беа забележани три месеци претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар