3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Micron“ ќе инвестира 3,6 милијарди долари во производството на чипови во Хирошима

„Micron“ ќе инвестира 3,6 милијарди долари во производството на чипови во Хирошима

Американската технолошка корпорација „Micron Technology“ објави дека во следните неколку години ќе инвестира околу 3,6 милијарди долари во производство на нова генерација мемориски чипови во Хирошима, поддржани од јапонската влада, пренесува „The Wall Street Journal“.

Договорот беше објавен во четвртокот пред самитот на лидерите на Г-7 во Хирошима, кој започна денеска.

Договорот доаѓа во време на растечки тензии меѓу САД и Кина околу технологијата на чипови. САД воведоа бранови ограничувања со цел да ја забават способноста на Кина да стане врвен производител на полупроводници, кои се основата на техничката моќ и воениот напредок на земјите.

Амбасадорот на САД во Јапонија, Рам Емануел, беше директно вклучен во изработката на договорот, кој се гледа како пример за одговорот на Г-7 на кинеското економско влијание, забележува „WSJ“.

Според „Bloomberg“, „Micron Technology“ е на пат да добие околу 1,5 милијарди долари финансиски стимулации од јапонската влада за да и помогне во производството на мемориски чипови од следната генерација.

Компанијата соопшти дека планира да купи и инсталира во својата фабрика во Хирошима некои од најнапредните машини за производство на чипови во светот: таканаречената опрема за литографија „EUV“. Машините на холандската компанија „ASML“ чинат по стотици милиони долари и се клучни за производството на најнапредните чипови во светот.

Машината „EUV“ што „Micron“ очекува да ја купи како дел од својата јапонска инвестиција ќе биде прва во земјата и ќе ги прошири напорите на владата за зајакнување на јапонската индустрија за чипови.

Јапонија и претходно инвестираше во производството на „Micron“. Минатата година земјата соопшти дека ќе и даде на компанијата околу 338 милиони долари за производство на напредни чипови во фабриката во Хирошима. Таа инвестиција дојде по посетата на потпретседателката Камала Харис на земјата, забележува „WSJ“.

Глобалниот недостиг на полупроводници во првите неколку години од пандемијата го зголеми интересот на многу влади за субвенционирање на домашното производство на чипови. Соединетите Американски Држави одвоија околу 53 милијарди долари за ова. Европската унија, исто така, има за цел да финансира повеќе локално производство.

Минатата година, „Micron“ ја објави својата намера да изгради огромна фабрика за производство на чипови во Клеј, Њујорк, велејќи дека на крајот ќе инвестира до 100 милијарди долари во објектот. Претседателот Бајден ја посети локацијата како дел од неговите напори да покаже дека неговата администрација го враќа напредното производство на чипови во САД и ги нарече плановите на компанијата таму „една од најзначајните инвестиции во американската историја“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП