4 јули, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Триглав“ за „Кроација осигурување“ нуди околу 120 милиони евра

„Триглав“ за „Кроација осигурување“ нуди околу 120 милиони евра

triglav1

„Триглав“ за превземање на „Кроација осигурување“ подготвен е да плати околу 120 милиони евра, пренесуваат хрватските медиуми. Еден дел од капиталот кој му е потребен ќе го собере од сопствени извори, а останатиот дел од финансиските фондови, како што се ИФЦ и ЕБРД.

Крајниот рок за поднесување на понудите е продолжен од хрватската влада до крајот на оваа недела. Од претходно се шпекулира дека меѓу кандидатите освен „Триглав“, се и „ПЗУ“, „Адрис групација“, „ВИГ“, „Ерго“ и „АИГ“.

Се шпекулира дека и „Триглав“ и „Кроација осигурување“, во иднина би можеле да станат плен на некој посилен играч, кој со превземањето на овие две осигурителни компании ќе доминира на регионалниот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар