20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПродажбата на автомобили во ЕУ во април силно се зголеми

Продажбата на автомобили во ЕУ во април силно се зголеми

Продажбата на автомобили во Европската унија повторно силно порасна во април, а во Хрватска стапката на раст беше речиси три пати повисока од европскиот просек, покажа во средата извештајот на здружението на производители ACEA.

Во април биле регистрирани 808.188 нови автомобили во 26 земји на ЕУ, без Малта, што е за 17,2 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година, откри здружението ACEA. Во март, продажбата скокна за 28,8 отсто, што е највисоко од мај 2021 година, пренесува SeeBiz.

Во групата водечки пазари, во април најмногу се зголемил бројот на регистрирани нови автомобили во Италија и Франција, за 29,2, односно 21,9 отсто.

И Германија забележа двоцифрена стапка на раст од 12,6 отсто. Продажбата во Шпанија порасна најскромно, за 8,2 отсто.

Според податоците на ACEA, во Хрватска во април се регистрирани 6.125 нови автомобили, што е за 44 отсто повеќе од истиот месец лани. Во март нивниот број е зголемен за 61,5 отсто.

Од јануари до април, пазарот на патнички автомобили во ЕУ порасна за 17,8 отсто во споредба со истиот период минатата година, со регистрирани 2,5 милиони возила, откри ACEA.

Во групата водечки пазари, продажбата во Шпанија забележа најголем скок во првите четири месеци од оваа година, за 33,7 отсто. Следуваат Италија и Франција со раст на продажбата од 26,9 и 16,7 отсто, соодветно. Најскромен раст имаше Германија, со стапка од 7,9 отсто, сè уште скромен во однос на остатокот од „четворката“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП