7 мај, 2024
ПочетнаСВЕТМаск смета дека сите треба да бидат загрижени за тензиите меѓу Кина...

Маск смета дека сите треба да бидат загрижени за тензиите меѓу Кина и САД

По средбата со акционерите, кој смируваше велејќи им дека сега ќе има помалку обврски со Твитер, па повторно ќе може да посвети повеќе време на Тесла, Илон Маск разговараше со новинарите на CNBC за различни теми во автомобилската и технолшката индустрија и се осврна на Кина и нејзините односи со САД.

На новинарско прашање дали е загрижен за тој однос (сетете се, минатата година Бајден рече дека Америка е подготвена да го брани Тајван во случај на кинески напад), тој рече дека сите треба да бидат загрижени. Маск потсети дека официјалната политика на Кина е дека Тајван е дел од нивната територија која треба да се реинтегрира, па можеме да претпоставиме дека ќе дојде момент кога тие ќе се обидат да го направат тоа. Ако се следат медиумските шпекулации, но и тоновите меѓу Кина и САД во последните години, се чини дека во овој случај ќе важи поговорката – „со милост или со сила“.

Тешко е да се замисли како би изгледал светот во случај на војна меѓу две големи велесили и како таа ситуација би се одразила на нашите животи.

А како би изгледала светската економија доколку Кина ја добие контролата над Тајван и како тоа би влијаело на Тесла, Маск сликовито опишал: Кинеската економија и остатокот од глобалната економија се како сијамски близнаци. Тоа би било како да се обидувате да разделите споени близнаци. Ситуацијата е толку сериозна. Сепак, што се однесува до Тесла, тој нагласи дека ситуацијата ќе биде многу полоша за другите компании: Мислам, не сум сигурен каде би добиле iPhone, на пример.

Apple, како и Tesla, призна Маск, е зависен од тајванскиот производител на чипови TSMC, а прашање е што ќе се случи ако интеграцијата (мирна или насилна) на Тајван навистина се случи. Според Маск, секој треба сериозно да ја сфати оваа можност.

Што се однесува до другите работи, Маск го најави почетокот на испораките на Cybertruck, кој толку пати беше одложуван, за оваа година, а исто така напомена дека им претстои период на предизвици бидејќи Tesla не е имуна на светските економски услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП