15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг раст на активностите во кинеската индустрија

Благ раст на активностите во кинеската индустрија

china2

Кинеската производна активност во септември се зголеми но со побавно темпо од тоа што претходно беше предвидено, покажа објавеното истражување.

Истражувањето на банката „HSBC“ покажа дека индексот на менаџерите за набавка само маргинално се зголемил во овој месец, на 50,2 поени од 50,1 поени кои беа забележани во август. Со тоа е намалена почетната проценка на банката во која неговата вредност беше пресметана на 51,2 поени.

Извештајот се базира на истражувањето во кое учествуваа 420 раководители на набавките, а се покажа дека производството на фабриките е зголемено втор месец по ред, иако со послабо темпо.

Новите нарачки стагнираат, но новите бизниси со странските клиенти се зголемени за прв пат во шест месеци.

„HSBC“ истакнува дека резултатот е позитивен, иако е мал, тој сепак претставува дополнително подобрување во однос на јули кога индексот падна на најниското ниво во последните 11 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП