4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропска комисија: Рускиот БДП ќе падне за 0,9 отсто во 2023 година

Европска комисија: Рускиот БДП ќе падне за 0,9 отсто во 2023 година

Бруто домашниот производ (БДП) на Русија ќе се намали на крајот на оваа година за само 0,9 отсто наместо 3,2 отсто како што претходно прогнозираше Западот, објави Европската комисија во својот најнов пролетен извештај за проекциите за трендовите на рускиот БДП за 2023 и 2024 година.

Дополнително, комисијата ја подобри прогнозата за раст на БДП за 2024 година. Според претходните извештаи, индикаторот требаше да порасне за 0,9 отсто во текот на следната година, додека најновите податоци покажуваат подобри резултати – раст од 1,3 отсто.

Состојбата со невработеноста во земјата, исто така, се оценува дека ќе биде на подобро ниво во текот на оваа и следната година, отколку што беше претходно предвидено во есенскиот извештај.

Вкупното ниво на невработеност во земјата годинава ќе достигне 3,7 отсто, а следната година четири отсто. Есенските прогнози на ЕК за наведените периоди очекуваа ниво на невработеност од 4,5 и 4,6 отсто.

ЕК понатаму наведува дека инфлацијата во земјата на крајот на 2023 година треба да достигне ниво од 6,4 отсто, а следната година 4,6 отсто.

За споредба, Централната банка на Русија предвидува дека инфлацијата на крајот на 2023 година ќе биде во опсег од пет до седум проценти. На крајот на 2024 година се очекува индикаторот да се врати на целните четири проценти.

Во април инфлацијата на годишна основа изнесува 2,31 отсто.

Москва: На крајот на годината, растот на БДП на Русија може да биде еден од највисоките меѓу развиените земји

Министерот за економски развој на Руската Федерација, Максим Решетников, на почетокот на мај изјави дека може да се очекува дека вкупната вредност на финалните производи произведени и дадени услуги во Русија ќе забележи многу добри резултати на крајот на оваа година, а дека земјата би можела да биде еден од светските лидери кога станува збор за растот на БДП на развиените земји на годишна основа.

-Меѓународниот монетарен фонд предвидува раст на БДП од 1,3 до 1,6 отсто за развиените земји, но знаеме дека оваа организација често во своите проекции покажува податоци кои, на крајот, реално, се пониски од очекуваното, додека ние, Русија, обично ги надминуваме нашите прогнози. Нашите показатели на крајот на набљудуваниот период обично ги надминуваат нашите прогнози, објасни Решетников, додавајќи дека официјалните податоци од Москва укажуваат дека БДП ќе порасне за 1,2 отсто на крајот на 2023 година.

Намалувањето на економскиот развој на земјите од ЕУ, како што наведе, е неизбежно поради наглото прекинување на користењето на руските енергетски извори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП