3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAxa го продава мнозинскиот удел во Axa Private Equity

Axa го продава мнозинскиот удел во Axa Private Equity

sa axa

Француската осигурителна компанија „AXA SA“ е блиску до склучување на договор за продажба на мнозинскиот удел во делот за инвестирање, што потоа ќе се одвои од компанијата.

Со договорот посебната компанија ќе се проценува на околу 510 милиони евра (690 милиони долари). Евентуалната зделка се очекува да биде објавена уште денес.

„Axa Private Equity“ која управува со средства од 32 милијарди долари, е основана во 1996-та година, а се смета дека „AXA“ ќе го намали својот удел во „Axa Private Equity“ до околу 21 проценти, во споредба со 100-те проценти кои ги има во моментов.

Според „Financial Times“ француската банка „Assurances du Credit Mutuel“ ќе се здобие со околу 13 проценти, а богатите француски семејства ќе поседуваат околу 20 проценти. „Axa“ објави во март дека води ексклузивни преговори во врска со потенцијалната продажба на мнозинскиот удел во „AXA Private Equity“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП