Српскиот политичар Чедомир Јовановоќ во поткастот „Буре барут“ зборува за политиките на ЕУ кон Балканот. Тој вели дека ЕУ планира дека го реши проблемот со Македонија така што таа нема да постои. Меѓудругото, Јовановиќ вели дека на Србија ѝ било понудено дел од Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, во замена за Косово.
„Србија треба да се откаже од Косово. Не знаат друго што да прават па ни нудат дел од Македонија, северот на Косово, дел од Црна Гора и Република Српска. Ќе го решиме проблемот со Македонија така што нема да постои и тоа се случува веќе три години. Го нема повеќе Заев бидејќи е измамен. Измамен е од ЕУ. Тие му рекоа договори се со Ципрас, реши ги прашањата меѓу Македонија и Грција конечно и тоа тој го направи. Тоа е многу тешка тема во Македонија за тој народ. Ние им ја оспоруваме верата, Албанците територијата, Грците идентитетот, Бугарите сè – и јазикок и се друго.

