17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на работниците во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата

industrija2

– Бројот на работниците во индустријата минатиот месец е зголемен за 1,6 отсто во однос на август 2012 година.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 8,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија 1 процент, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,9 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците е зголемен кај Енергија за 7,5 отсто, Капитални производи за 0,3, Трајни производи за широка потрошувачка за 2,8 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 проценти.

Намалување е евидентирано кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,2 отсто. Во периодот јануари-август 2013 година во однос на истиот период лани бројот на работниците во индустријата е зголемен за 0,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП