7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКоја е Линда Јакарино, жената која ќе го замени Маск на чело...

Која е Линда Јакарино, жената која ќе го замени Маск на чело на Твитер

Илон Маск синоќа најави нов директор на Твитер кој ќе почне со работа за 6 недели.

Иако милијардерот најпрвин не го кажа точното име, американскиот весник „Волстрит журнал“ откри дека станува збор за претседателката на глобалното рекламирање на компанијата NBC Universal, Линда Јакарино.

Јакарино работи во NBC повеќе од една деценија, каде што беше застапник за изнаоѓање подобри начини за мерење на ефективноста на рекламирањето, според американскиот весник.

Таа исто така беше еден од клучните играчи во лансирањето на услугата за стриминг Peacock.

Медиумите јавуваат дека таа дипломирала на познатиот универзитет „Пен Стејт“, каде студирала либерални уметности и телекомуникации.

Јакарино го интервјуираше Маск на рекламна конференција во Мајами минатиот месец, пофалувајќи ја неговата работна етика и ја повика публиката да му даде овации.

„Возбуден сум што можам да објавам дека имаме нов извршен директор на Твитер. Почнува да работи за околу шест недели“, напиша Маск синоќа на Твитер.

Американскиот милијардер, кој исто така раководи со производителот на автомобили Тесла и ракетната компанија SpaceX, го купи Твитер за 44 милијарди долари во октомври 2022 година.

Во меѓувреме, тој отпушти неколку илјади луѓе, а стотици работници сами дадоа отказ.

Во исто време, вредноста на социјалната мрежа, која неодамна беше ставена под покровителство на неговата корпорација „Х“, е преполовена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП