12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на инфлацијата во еврозоната

Остар пад на инфлацијата во еврозоната

inflacija31

Годишната стапка на инфлација во еврозоната остро се намали во септември на 1,1 проценти, по падот во август од 1,3 проценти, покажуваат прелиминарните податоци на Еуростат.

За новото забавување на инфлцијата најмногу придонесе големиот пад на цените на енергијата, кои потонаа за 0,9 проценти по падот во август од 0,3 проценти, се вели во извештајот на Еуростат, пренесува агенцијата Франс прес.

Цените на храната, пијалоците и цигарите во септември забележале најголем раст од 2,6 проценти, но понизок во однос на растот во август од 3,2 проценти, додека цените на услугите се зголемиле за 1,5 проценти во однос на претходните 1,4 проценти.

Доколку овие податоци бидат утврдени, тоа ќе биде најниската стапка на инфлација во последните 43 месеци.

Инфлацијата во еврзоната во април достигна 38 месечен минимум од 1,2 проценти, но потоа таа се зголеми, откако нејзината економија се опорави од рекордната рецесија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП