27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали знаевте? Голф 1 имал електрична верзија(ФОТО)

Дали знаевте? Голф 1 имал електрична верзија(ФОТО)

Volkswagen долго време експериментира со електричниот погон, многу пред да стане важна тема во автомобилската индустрија.

Историјата на најпопуларниот модел на Volkswagen, Golf, е и историја на развојот на електричниот погон.

Оригиналниот голф дебитираше во 1974 година. Две години подоцна, производителот од Волфсбург претстави две нови верзии, легендарниот спортски GTI, но и електричниот Golf.

Der Elektro-Golf I (1976). Weiterer Text über ots und www.presseportal.de/nr/126266 / Die Verwendung dieses Bildes ist für redaktionelle Zwecke honorarfrei. Veröffentlichung bitte unter Quellenangabe: “obs/Volkswagen”

Ова експериментално возило беше искористено за истражување на погонот на електричните автомобили по нафтениот удар во 1973 година и зголемувањето на цените на горивото. Беа произведени само неколку примери.

Сепак, Volkswagen тој проект не го затвори во фиока. Тој се врати на електричниот Golf во 1981 година под името CityStormer, кој беше развиен во соработка со снабдувачот на електрична енергија RWE.

Во возниот парк на RWE беа произведени и користени околу 25 возила, со оловни батерии со вкупен капацитет од 11,4 kWh, што беше доволно за околу 60 километри автономија.

Автомобилот тежеше околу 1.500 кг, 600 кг повеќе од стандардниот Golf I, а неговиот електричен мотор поставен напред развиваше само 22 КС. Доволна за максимална брзина од 95 km/h, која ја постигна за 13 секунди.

По првата генерација на Golf, Volkswagen експериментираше со електрични погони до третата генерација. Потоа застана, до Golf 6, па Golf 7, па електричниот компактен ID.3.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП