3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНагел: Сè уште не сме завршиле, каматните стапки треба да продолжат да...

Нагел: Сè уште не сме завршиле, каматните стапки треба да продолжат да растат

Европската централна банка ги зголеми каматните стапки седум пати од јули во обид да ја олади инфлацијата.

Ова веројатно не е крајот, посочи претседателот на Бундесбанк, Јоаким Нагел.

„Сè уште не сме ја добиле битката против инфлацијата“, изјави Нагел за Frankfurter Allgemeine.

„Инфлацијата е забавена во последните месеци, но сепак е премногу силна“, додаде тој.

На почетокот на мај, ЕЦБ повторно ја коригира референтната каматна стапка, иако порастот од 0,25 процентни поени, на 3,75 отсто, беше помал од претходните шест пати.

Можев да замислам зголемување од 0,5 процентни поени, но сепак најавивме повеќе зголемувања“, рече Нагел.

Според него, пораката мора да биде јасна:

„Сè уште не сме готови и каматните стапки треба да продолжат да растат“, додаде тој.

ЕЦБ се стреми да ја задржи инфлацијата во просек не повеќе од два отсто годишно. Стапката на инфлација, сепак, со месеци е на многу повисока вредност.

Во април потрошувачките цени во еврозоната се зголемени за точно седум отсто. Во Германија, според прелиминарните податоци, годишната стапка изнесува 7,2 отсто.

„Инфлацијата значително ќе се забави, но веројатно ќе треба да почекаме до почетокот на 2025 година за…одржлива стапка под два отсто во Германија“, процени Нагел.

„Каматните стапки во еврозоната мора да се зголемат за да се забави инфлацијата. Дури и кога се доволно високи за тоа, ќе биде потребно време додека инфлацијата не стане одржлива“, рече банкарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП