7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАБританецот кој беше екстрадиран во САД се изјасни за виновен: Обвинет за...

Британецот кој беше екстрадиран во САД се изјасни за виновен: Обвинет за хакирање на сметките на Бајден и Маск на „Твитер“

Британецот Џозеф Џејмс О’Конор, кој беше екстрадиран во САД од Шпанија минатиот месец, се изјасни за виновен пред судот во Њујорк за компјутерски шеми за следење, кражба и хакирање на компјутери, вклучително и хакирање на сметки на Твитер во 2020 година, соопшти американското Министерство за правда.

О’Конор (23) беше обвинет во сојузните држави Северна Дакота и Њујорк, но случајот беше префрлен во Њујорк. Тој се изјасни за виновен за повеќе обвиненија, вклучително и хакирање на компјутери, електронска измама и намера за перење пари, објави Ројтерс.

Пресудата ќе биде изречена на 23 јуни, а можно е да добие максимална казна од 77 години затвор. Обвинителите рекоа дека О’Конор имал неовластен пристап до сметките на Твитер во јули 2020 година, како и до сметките на Тикток во август истата година.

О’Конор и соучесниците украле најмалку 794.000 долари во криптовалути, а меѓу сметките на Твитер што ги украл во 2020 година се и на тогашниот претседателски кандидат Џозеф Бајден, како и на американскиот милијардер Илон Маск.

Тој ќе мора да им врати 794.000 долари како оштета на жртвите, соопштија обвинителите.

Цел биле и налозите на познати личности како Барак Обама, Бил Гејтс, Ворен Бафет, Бенџамин Нетанјаху, Мајкл Блумберг, Канје Вест и Ким Кардашијан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП