3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска: Производството бележи пад петти месец по ред

Хрватска: Производството бележи пад петти месец по ред

hrvatska2

Хрватскиот завод за статистика денес ќе ги објави податоците за индустриското производство во август, а макроекономистите очекуваат пад петти месец по ред. Четири макроекономисти, проценуваат дека индустриското производство во август се намалило за 3,3 проценти во однос на истиот месец минатата година. Сите очекуваат пад, и тоа од 1,5 до 5,0 проценти.

Иако значаен, сепак тој пад е помал од оној во јуни, кога производството потона за 4,1 проценти.

По растот на почетокот на годината, од април индустриското производство континуирано опаѓа, па за првите сдум месеци од оваа година зебележа пад од 1,3 проценти во однос на истиот период минатата година.

Пречките за раст на производството претставуваат слабост на домашната потрошувачка, но и на странската побарувачка, бидејќи еврозоната, која е главен надворешен трговски партнер на Хрватска, полека се опоравува од рецесијата.

„Во август очекуваме продолжување на падот на индустриското производство. Слабата домашна и странска побарувачка, како и реструктуирањето на домашната индустрија по влегувањето во Европската унија ќе продолжат да влијаат негативно на нивото на производство“, изјавија макроекономистите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП