7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСЛАБОСТ, ЗАМОР, БОЛКА - Оваа болест настанува подмолно и без ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ,...

СЛАБОСТ, ЗАМОР, БОЛКА – Оваа болест настанува подмолно и без ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ, еве на што да внимавате

Ревматоидниот артритис е хронично воспалително заболување кое најпрво ги зафаќа зглобовите, а поретко кожата, внатрешните органи и нервниот систем.

Ревматоидниот артритис е хронично воспалително заболување кое најпрво ги зафаќа зглобовите, а поретко кожата, внатрешните органи и нервниот систем. Тоа е најчеста воспалителна болест на зглобовите и најчесто се јавува на возраст од 45 до 65 години, но не е исклучено да се појави на која било возраст. Интересно е тоа што три пати почесто се јавува кај жените отколку кај мажите, а според некои истражувања го има речиси кај секој стоти жител на планетата.

Сè уште не е познато зошто се јавува ревматоиден артритис, но се верува дека генетиката игра улога, комбинирана со влијанието на надворешни фактори, како што се бактериите или вирусите. Вообичаено, ревматоидниот артритис започнува тивко и подмолно, со мали симптоми кои доаѓаат и си одат, обично на двете страни од телото. Потоа, во текот на неколку недели или месеци тие почнуваат да напредуваат, и важно е да се има на ум дека симптомите варираат од личност до личност и може да се менуваат, како и периодите на неактивност.

Симптоми на ран ревматоиден артритис

Медицинската платформа Healthline состави листа на индикатори за ревматоиден артритис на самиот почеток на развојот на оваа болест. Симптомите не секогаш вклучуваат оток и црвенило во пределот на зглобот, но може да има и едвај забележливи знаци дека нешто не е во ред, а некои од овие први симптоми се: чувствителност и болка во одредени делови од телото, забележителен замор во пораст, слабост на одредени делови од телото каде што претходно немало такво чувство, генерално се чувствувате лошо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП