28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонската унија на млади претприемачи присуствуваше во Кина на најголемата конференција за...

Македонската унија на млади претприемачи присуствуваше во Кина на најголемата конференција за интернационална соработка и развој на младите претприемачи

Основачот и претседател на унијата на млади претприемачи Македонија “Phoenix Rising”, Ивона Трајановска, претходната недела имаше привилегија да учествува во лансирањето на меѓународната алијанса на млади претприемачи (IAYEA), платформа која ги поврзува и ги зајакнува бизнисите на младите претприемачи од целиот свет!

“Ова е голем чекор за нашите млади претприемачи кон градење силно партнерство и проширување на нивните бизниси на меѓународно ниво! Како основач и претседател на унијата, горда сум што имав прилика да ги претставам бизнисите на младите, а истовремето да ја претставам и нашата држава на еден од најважните конференции во светот.” изјави Трајановска.

На конференцијата присуствуваа светски лидери, бизнис ангели, политичари, раководители на интернационални компании и секако претставници на унии на млади претпримачи од Аргентина, Тајланд, Танзанија, Индија, Непал, Мали, Етиопија, Албанија, Црна Гора, Мексико и многу други држави. Покрај конференцијата, присутните имаа можност да посетат некои од најголемите компании и фабрики во Кина како фабриката на Мерцедес, новиот аеродром во Пекинг, 5G лабораторија, Кинескиот ѕид и секако уметнички концерт за подобро со кинеската култура.

“Посебна благодарност до CIYEC (Chinese International Youth Exchange Center) што ја препозна важноста на нашата унија и држава да биде партнер и дел од ваква реномирана алијанса.” додаде Трајановска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП