28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈубилејни 20 години постоење - 10 години УНИБанка

Јубилејни 20 години постоење – 10 години УНИБанка

uni-banka2

На 27-ми септември 2013 година, УНИБанка АД Скопје го прослави јубилејот 20 години постоење и 10 години успешна работа под брендот УНИБанка на македонскиот пазар, со коктел забава во центарот на Скопје. Менаџментот на банката оваа година го одбележa  јубилејот во присуство на своите вработени и претставници на средствата за јавно информирање.

За тоа како се развиваше УНИБанка во изминативе 10 години, од трансформацијата на сопственичката структура до денес говорат податоците дека пред десет години банката имаше актива од 25 милиони евра, а пазарното учество изнесуваше 1,5%. Имаше депозити  од 8 милиони евра и загуба од 4,3 милиони евра. Денес, десет години подоцна, УНИБанка има учество на пазарот од 3,1% и нето – добивка од 1,5 милиони евра. Активата изнесува 176 милиони евра, a депозитната база достигна 144 милиони евра.

Растот на Банката се одрази и преку зголемувањето на бројот на вработени во изминативе 10 години. Денес УНИБанка има 391 вработен, 34 експозитури во сите градови низ Македонија, со поставени 117 АТМ уреди и 3.258 ПОС терминали.

УНИБанка беше една од првите банки која воведе картички со чип во Македонија. До денес има издадено на 128 илјади картички и во делот на картичното учество има пазарно учество од 9,6% од пазарот.  Како Банка која постои за клиентите, нивниот број, заклучно со јуни 2013 достигна 227 илјади клиенти.

За досегашните успешни резултати од работењето, УНИБанка доби номинација за најдобра компанија од Европското бизнис – собрание од Оксфорд, а претседателот на УО на Банката, г – нот Коста Митровски за најдобар менаџер за 2013 година.

uni1

uni2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП