6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

latestnews1

Вести од светот – 30.09.2013

Загреб – Хрватскиот модел на отпремнини полн е со „дупки“ и злоупотреби и неопходни се измени, е заклучокот на Светската банка, која ја анализира состојбата во хрватскиот систем на отпремнини.

Извештајот Светската банка го подготви за хрватското Министерство за труд и пензиски систем, за системот направен по австриски пример.

Белград – Замрзнување на вработувањата во јавната администрација, освен во посебни случаи, би можела да биде една од мерките на Владата на Србија за економско опоравување.

Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ најави дека за тој предлог во следните денови ќе разговара со премиерот Ивица Дачиќ. Според предлогот, вработувањето во јавната администрација би било замрзнато, освен за околу 50 лица годишно, кои би биле исклучителни експерти.

Крушевац – Србија во следните десет дена ќе ги добие првите 100 милиони евра од Абу Дабу Дивелпмент фонд за наводнување, изјави српскиот вицепремиер Александар Вучиќ.

Раџин – Руските железници сакаат да изградат пруга која би ја поврзала Северна и Јужна Кореја. Реализацијата на проектот сепак, зависи од односите меѓу Пјонгјанг и Сеул. Една од најзатворените земји во светот Северна Кореја веќе неколку децении се обидува во својата строго планирана економија да воведе и странски инвестиции. Заеднички претпријатија, засега, со Северна Кореја имаат нејзините традиционални партнери Кина и Русија.

Атина – Грција преживува тешки моменти, но земјата ќе успее да се исправи и веќе помина поголем дел од патот и блиску е до излезеот од лавиринтот, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас на средбата со претставници на грчката заедница во САД.

Тој посочи дека најтешкото завршило и оти не може да се зборува за излез на Грција од евро зоната.

Белград – И жените и мажите во Србија би требало да се пензионираат на 67 години, според ставовите на ММФ за пензинската реформа во земјата, пишува белградскиот весник „Блиц“.

Ако министерствата за финансии и труд го прифатат овој предлог, за право на пензија во Србија мажите ќе треба да работат две години повеќе, а жените седум години повеќе во однос на сегашните закони, наведува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП