28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVW не се откажува од нискобуџетните возила

VW не се откажува од нискобуџетните возила

evtin golf

„Volkswagen“ во 2012-та година ги откри плановите за развој на евтини автомобилски марки кои на овој производител би му помогнал на пазарот да се спротивстави на брендовите како што е „Dacia“. Од германската компанија тврдат дека не се откажуваат од оваа идеа и ги презентираа новите детали.

Кон крајот на 2012-та година се појавија информации дека евтините автомобили на „Volkswagen“ би се произведувале во Кина и Индија во соработка со нивните партнери во тие земји, а почетната цена во Европа би изнесувала околу 6.000 евра.

Шефот за развој во „Volkswagen“, Ханс-Јакоб Нојсер потврди дека кај нив и натаму работат на лансирање на евтини автомобилски марки.

„Плановите за нискобуџетниот бренд и натаму се актуелни. Причината за тоа што не излегуваме во јавноста со повеќе детали е тоа што прво сакаме да ја разработиме целата стратегија“, објаснува Нојсер.

Сепак, тој наведе дека евтините автомобили би можеле да бидат базирани на платформата која ја користи моделот „Santana“, кој „Volkswagen“ го изработува во Кина заедно со тамошниот производител на автомобили, компанијата „SAIC Motor“. Нојсер потврди дека доколку дојде до реализација на плановите, нискобуџетниот автомобил исто така ќе се произведува во соработка со некој од кинеските партнери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП