11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТројката најави пауза во преговорите со Грција

Тројката најави пауза во преговорите со Грција

Belgium Nobel Peace

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Европската унија (ЕУ) и Европската централна банка (ЕЦБ) најавија пауза во преговорите со Грција за деблокадата на новата транша финансиска помош.

„Ќе направиме пауза во тие преговори и ќе ги презакажеме за следните недели“, се вели во соопштението на тројката чии членови престојуваат во Атина, со цел да спроведат нова ревизија.

По ревизијата би требало да биде донесена одлука за деблокада на новата транша во рамките на планот за помош на таа земја, која изнесува околу 170 милиони евра.

Паузата, тројката ја објаснува со техничките прашања, преку кои гарантира дека преговорите со грчките власти напредуваат добро кога станува збор за примена на потребните економски мерки во замена за финансиска помош.

Европската комисија во соопштението изјави дека грчката влада постигнала „значаен напредок“ во спроведувањето на реформите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП