7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Shell“ продолжува да руши финансиски рекорди

„Shell“ продолжува да руши финансиски рекорди

„Shell“ продолжува да руши финансиски рекорди во првиот квартал од 2023-та година. Во првите три месеци од оваа година, компанијата оствари рекордна добивка за овој период од годината – повеќе од 9,6 милијарди долари, иако цените на нафтата и природниот гас паднаа од својот врв минатата година, пишува „The Guardian“.

Подобрата од очекуваната приспособена заработка го надмина минатогодишниот рекорд на добивка во првиот квартал од 9,1 милијарди долари и беше далеку над прогнозата на индустриските аналитичари од 7,96 милијарди долари.

Како резултат на тоа, најголемата европска компанија за нафта и гас ќе им понуди на своите акционери да откупат акции во вредност од 4 милијарди долари во следните три месеци.

Англо-холандската енергетска компанија соопшти, цитирана од изданието, дека профитот се зголемил благодарение на нејзините трговски тимови, кои успеале да го ограничат влијанието на падот на пазарната цена на нафтата и гасот.

Глобалните цени на нафтата во првиот квартал од оваа година во просек изнесуваа 81,7 долари за барел, според „Shell“, што е намалување од 102,2 долари за барел во истиот период претходната година, кога руската инвазија на Украина предизвика силен скок на цените.

Новиот извршен директор, Ваел Саван, додаде дека компанијата постигнала „добри резултати и солидни оперативни перформанси во услови на континуирана нестабилност“.

„Shell“ објави рекорден годишен профит од 40 милијарди долари за 2022-ра година, откако неговите профити беа подобри од очекувањата во последниот квартал од минатата година и повеќе од двојно ги зголемија оние пријавени за 2021-ва година поради големиот пораст на пазарните цени на нафтата и гасот во минатата година.

Ова доведе до повици за вонреден данок на овие дополнителни приходи, потсетува и „The Guardian“.

Томи Викерстаф, активист на „350.org“, кој се противи на изградбата на нови проекти за нафта и гас, рече дека владите треба да воведат построги даноци за „безобразно високиот“ профит на нафтените компании.

„Владата на Британија постојано не успеваше соодветно да ги оданочува овие профити, иако сметките на сите растат и милиони луѓе паѓаат во енергетска сиромаштија“, вели Викерстаф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП