27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Volkswagen“ ќе лансира уште помоќен „Golf R“ (ВИДЕО)

„Volkswagen“ ќе лансира уште помоќен „Golf R“ (ВИДЕО)

Германската компанија „Volkswagen“ претстави моќен, ограничен хечбек „Golf R 333 Limited Edition“, со претпоставка дека бројот „333“ во името на специјалната серија ја навестува моќта на автомобилот.

Ако ова е вистина, тогаш под хаубата на овој „Golf R“ се наоѓа најмоќната верзија на 2-литарскиот турбо мотор со 333 ks. Судејќи според краткото видео објавено на официјалниот „YouTube“ канал на „Volkswagen R“, специјалната серија ќе има жолти бои, црни тркала и бројот „333“ на праговите на вратите. Официјалната презентација ќе биде на 31-ви мај.

Новото ограничено издание на „Golf R“ има 19-инчни „Estoril“ тркала со сини клешти на сопирачките кои се црни и одговараат на сјајно црните капачиња на страничните ретровизори и затемнетата оптика. Се очекува забрзувањето до 100 km/h да биде за 4,6 секунди, а максималната брзина да биде 270 km/h.

Ова не е првиот „Golf R“ со 333 коњски сили. Минатата пролет, „Volkswagen“ ја претстави ограничената едиција „20 Years“, посветена на 20-годишнината од првиот модел со буквата „R“ – „Golf R32“. Моќноста на моторот на таков хот хеч е за 13 коњски сили повеќе од обичен „Golf R“, што го прави најмоќниот сериски „Golf“ во историјата на моделот.

Како и верзијата од 2022-ра година, оваа варијанта ќе се продава само како хечбек, иако обичниот „Golf R“ е достапен на некои пазари и како караван.

Јубилејниот модел „Golf R 20 Years“ во Германија се проценува на околу 60.000 евра, а цената на ограничената серија „Golf R 333 Limited Edition“ сѐ уште не е објавена, но се очекува да биде повисока.

Што се однесува до обичниот „Golf R“, автомобилот е во продажба во сегашната форма од есента 2020-та година. Тој е опремен со турбо мотор со 320 ks и 420 Nm вртежен момент, и тоа со 20 ks и 20 Nm повеќе вртежен момент од „GTI Clubsport“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП