22 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКреаторот на ChatGPT: „Постојат 50% шанси вештачката интелигенција да доведе до крај...

Креаторот на ChatGPT: „Постојат 50% шанси вештачката интелигенција да доведе до крај на човештвото“

Пол Кристијано е еден од луѓето кои работеле на развојот на најпознатиот голем јазичен модел – ChatGPT и вели дека има премногу шанси технологијата (вештачката интелигенција) да доведе до крајот на човештвото.

Главната опасност, вели Кристијано, ќе дојде кога системите за вештачка интелигенција (AI) ќе го достигнат и надминат когнитивниот капацитет на луѓето. Тогаш нашите шанси се 50/50. Ова предвидување не се должи на роботите убијци што ги создава вештачката интелигенција, туку на фактот дека вештачката интелигенција ќе биде насекаде околу нас. Кога тоа ќе се случи, што ќе ја спречи вештачката интелигенција да ги избрише луѓето?

Вакви коментари ќе слушате се почесто, особено сега кога поради брзиот развој на вештачката интелигенција расте загриженоста за опасностите кои го придружуваат ваквиот развој.

Џефри Хинтон, таканаречениот кум на вештачката интелигенција, когнитивен психолог кој работел со вештачки невронски мрежи во поголемиот дел од својот живот, неодамна го напуштил Google за да „алармира“ за опасностите од вештачката интелигенција. Во изјава за Њујорк Тајмс, тој рече дека жали што потрошил толку голем дел од својата работа придонесувајќи за развојот на полето кое има многу непредвидлива иднина, пишува Индипендент.

„Идејата дека овие работи можат да станат попаметни од луѓето – неколку луѓе веруваа во тоа – но повеќето луѓе мислеа дека е далеку. И јас мислев дека е далеку. Мислев дека е 30-50 години или дури и подолго. Очигледно повеќе не мислам така“, рече тој. „Мислам дека не треба да го развиваме сето ова додека не сфатиме дали можеме да го контролираме.

Овој став се почесто се слуша меѓу истражувачите и пионерите во областа, а се чини дека денес, повеќе од кога било, другите зборуваат за опасноста од вештачката интелигенција како проблем кој не се сфаќа доволно сериозно.

Илјадници експерти и влијателни луѓе во оваа област напишаа отворено писмо во кое бараат од владите ширум светот да го паузираат развојот на вештачката интелигенција најмалку шест месеци, додека не се утврди колку навистина сето тоа е безбедно и додека не се создадат некои важни граници. Еден од потписниците е Илон Маск, човек кој често зборуваше за заканите од вештачката интелигенција, но и човек кој неодамна основаше своја компанија за вештачка интелигенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП