СВЕТ

ПУТИН НА ЦРНАТА ЛИСТА: Претседателот на Русија е меѓу деветте државници кои не беа поканети на крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети (ФОТО, ВИДЕО)

Британските власти не испратија покани за церемонијата на крунисување на кралот Чарлс III до девет светски лидери.

Меѓу нив се рускиот претседател Владимир Путин, неговиот белоруски колега Александар Лукашенко, како и лидерите на Иран, Мјанмар, Сирија, Авганистан и Венецуела.

Покрај нив, покани не добиле ниту севернокорејскиот врховен лидер Ким Џонг Ун, ниту Даниел Ортега, претседателот на Никарагва.

https://twitter.com/centerviewnews/status/1653505763124420608

Во случајот со овие земји, покани за крунисувањето во Лондон на 6 мај беа испратени до високи дипломати од тие земји.

Ова го објави Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор од Велика Британија.

Се наведува дека на крунисувањето на Чарлс III биле поканети шефови на држави и влади со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските територии и прекуокеанските територии.