6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ги заменува доларите во својата девизна резерва со јуани

Русија ги заменува доларите во својата девизна резерва со јуани

Русија најверојатно ќе почне да купува девизи веќе овој месец, што е првпат Москва да ги надополнува своите девизни резерви откако нејзините војници ја нападнаа Украина во февруари 2022-ра година.

Според „Bloomberg“, Москва веројатно ќе купува околу 200 милиони долари во кинески јуани секој месец. Јуанот е една од ретките клучни валути достапни за Русија откако западните санкции ја прекинаа земјата од глобалниот финансиски систем деноминиран во долари.

Русија престана да купува девизи кон крајот на јануари 2022-ра година, непосредно пред да ја нападне Украина, поради нестабилноста на пазарот. По инвазијата, Кремљ стана предмет на опсежни западни санкции и ја суспендираше својата програма за валутна интервенција. До јуни, глобалната работна група поддржана од САД замрзна повеќе од 300 милијарди долари од средствата на руската централна банка.

Во јануари 2023-та година, Русија повторно ја продолжи својата програма за валутна интервенција, почнувајќи од јуанот, објаснува „Business Insider“, додавајќи дека претстојното купување на кинеската валута ќе означи пресврт во продажбата на јуанот од руските резерви, што досега земјата правеше за покривање на својот буџетски дефицит. Во првиот квартал од 2023-та година достигна 29 милијарди долари.

„Првично, обемот на купување валути ќе биде мал, но многу симболичен, бидејќи ќе покаже дека земјата, наместо да ги јаде своите резерви, ги гради“, коментира Александар Исаков, економист за Русија во „Bloomberg Economics“.

Обновените интервенции на Москва на нејзините девизни резерви ќе покажат дека западните санкции и ограничувањето на цените на руската сурова нафта предводено од Г-7 не се доволни за да ги запрат руските приходи од енергија.

Русија, како енергетски гигант, успеа да ги задржи своите приходи од енергија дури и во услови на западни санкции, се потсетува и „Business Insider“ и објаснува зошто во голема мера, Кремљ успеал со тоа што ги принудил производителите како „Газпром“ и „Лукоил“ да плаќаат повеќе даноци.

Русија исто така можеше брзо да го пренасочи извозот на нафта на алтернативни пазари како Кина и Индија. Двете азиски земји купуваат толку многу руска сурова нафта што извозот по морски пат на земјата во првиот квартал го надмина нивото од претходната година, покажуваат податоците на аналитичката компанија „Kpler“.

Во април, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) објави дека приходите на Москва се намалени за околу 43 отсто во однос на претходната година. Но, цените на нафтата почнаа да растат од почетокот на април поради намалувањето на производството од ОПЕК +. На страната на побарувачката, економското повторно отворање на Кина по речиси тригодишно заклучување поради пандемијата, исто така, се очекува да ги поддржи цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП