26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал и Ливерпул во трка за Балотели?

Арсенал и Ливерпул во трка за Балотели?

mario-balotelli

Ќе се врати ли „Супер Марио“ во Англија? Милан тешко дека во јануари ќе се ослободи од него, но во летниот преоден рок трансферот не е исклучен.

Проблемот е однесувањето на одличниот напаѓач, а и на нему меѓу редови му е соопштено дека ќе биде продаден, доколку продолжи да прави проблеми.

Казната од три натпревари е заслужена, а одлуката на Милан да не се жали на некој начин е и порака до италијанскиот репрезентативец.

Медиумите од Островот веќе пишуваат дека англиските клубови подготвуваат понуди за Балотели, а според информациите станува збор за Арсенал и Ливерпул.

Најверојатно тие се подготвени да платат околу 20 милиони евра, сума за која се очекува Милан да не приговара.

Не постои никава шанса „Супер Марио“ да го промени клубот до летото, но и тогаш тоа ќе зависи од неговото однесување. Се проценува дека неговата вредност на пазарот е околу 35 милиони евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП