28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМосква ја пренасочува руската нафта од ЕУ кон Азија

Москва ја пренасочува руската нафта од ЕУ кон Азија

Русија годинава ќе пренасочи повеќе од 60 отсто од извозот на нафта и нафтени деривати од ЕУ во Азија, најави рускиот вицепремиер Александар Новак минатата недела, пренесува РТ.

„Од 220 милиони тони сирова нафта и рафинирани производи претходно наменети за ЕУ, Русија ќе преориентира 140 милиони тони во Азија,“ рече Новак, додавајќи дека „околу 80-90 милиони тони ќе останат на Запад“.

Русија ги диверзифицира своите енергетски резерви како одговор на западните санкции откако ЕУ престана да ја прифаќа руската нафта транспортирана по морски пат.

Во декември 2022, ЕУ, Г-7 и сојузничките земји воведоа ембарго и ограничување на цената од 60 долари за барел руска сурова нафта. Слични ограничувања беа воведени во февруари за извозот на нафтени деривати.

Претходно годинава, Новак истакна дека извозот на руска нафта во 2022 година се зголемил за 7,6% на 242 милиони тони, при што производството на сурова нафта достигна 535,2 милиони тони, два отсто повеќе од претходната година.

Со цел да го пренасочи снабдувањето со енергија кон „пријателските земји“, Русија го зголеми транспортот преку своето главно пристаниште Козмино на Далечниот Исток. Како резултат на тоа, испораките во земјите во азиско-пацифичкиот регион се зголемија на 42 милиони тони годишно.

Податоците од Федералната царинска служба на Русија покажуваат дека извозот на руска сурова нафта и нафтени деривати во 2022 година се зголемил за 42,8% во споредба со претходната година и изнесувал 383,7 милијарди долари,.

Според Новак, обемот на испораки на нафта само во Индија се зголемил за 22 пати во 2022 година.

Русија, исто така, е главен снабдувач на нафта во Кина во првите два месеци од 2023 година, а обемот на испорака во периодот јануари-февруари е зголемен за 23,8% година за година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП