17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba дели откази

Toshiba дели откази

toshiba1

„Toshiba“ ќе го преполови бројот на вработените во производствениот сектор за телевизори и во наредните шест месеци ќе го паузира производството во две од три фабрики надвор од Јапонија.

Како што пренесува Ројтерс, компанијата во соопштението прецизирала дека ќе укине 3.000 работни места во секторот за производство на телевизори, од кои 2.000 лица во странство.

„Toshiba“ располага со една фабрика за телевизори во Кина, една во Индонезија и eдна во Полска, но во соопштението не се наведува кои две фабрики од наведените ќе престанат со работа.

Активностите во секторот за производство на телевизори во последните две години бележат негативен тренд што се должи на намалената побарувачка во Европа и Јапонија.

„Toshiba“ за тековната фискална година најави програма за заштеда на 10 милијарди јени (76 милиони евра) во филијалите кои произведуваат телевизори и компјутери, и уште 20 милијарди јени за следната фискална година.

Компанијата за својот сектор за производство на телевизори очекува поврат во зоната на профитот во втрата половина од фискалната 2013-2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП