Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, најави дека има постепено напуштање на употребата на американскиот долар, но додаде дека во блиска иднина не гледа алтернатива на американската валута.
-Не е тоа главното нешто што ме загрижува. Постепеното напуштање на доларот е навистина забележливо, но јас не гледам алтернатива за тоа. Во секој случај, не во блиска иднина, рече Георгиева за време на дискусијата во аналитичкиот институт „Милкен“ во Вашингтон, коментирајќи ги изгледите за употреба на американската валута на глобално ниво во иднина.

