1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали PlayStation 4 ќе донесе профит?

Дали PlayStation 4 ќе донесе профит?

Hiroshi Kawano

„PlayStation 4“ на почетокот ќе прави загуби за „Sony“ со секоја продадена конзола од следната генерација.

Веста за очекуваната загуба на компанијата „Sony“ ја откри Масајасу Ито во интервјуто за „Eurogamer“. Во „Sony“ очекуваат дека просечниот купувач ќе потроши дополнителни пари за игрите и за членството во „PlayStation Plus“ и така да ги ублажат загубите од конзолата.

Ито истакнува дека, и ако играчите не ги купат дополнителните работи при лансирањето на новата конзола, „PlayStation 4“ ќе почне да генерира профит многу порано од својот претходник чии трошоци за производство беа многу големи поради развојот на „Cell“ процесорот. „PlayStation 3“ поради тоа, дури по една година на пазарот започна да му носи профит на „Sony“.

Претходно оваа година од „Sony“ изјавија дека неочекуваат да загубат многу пари со лансирањето на конзолата „PlayStation 4“.

„За разлика од „PlayStation 3“, не планираме големи загуби со појавувањето на пазарот на „PS 4““, рече финансискиот директор на „Sony“, Масару Като.

„Sony“ веќе започна да превзема чекори за да ги охрабри играчите за да преминат од старата на новата конзола, при или веднаш по лансирањето на новата генерација на конзолата, нудејќи големи попусти на „PS4“ игрите кои играчите веќе ги поседуваат на „Play Station 3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП