2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Фајзер“ и „Бајонтек“ бараат ЕУ да плати за откажаните дози на вакцината

„Фајзер“ и „Бајонтек“ бараат ЕУ да плати за откажаните дози на вакцината

Европската унија има вишок вакцини против Ковид-19. Затоа Pfizer Inc. и BioNTech и предложија на Европската унија земјите-членки да платат половина од цената или околу 10 евра за секоја од околу 70 милиони откажани дози, објави денеска „Фајненшл тајмс“.

Ројтерс во јануари објави дека се водат разговори меѓу ЕУ и овие два производители на лекови со цел да се намали бројот на дози на вакцини што Брисел се обврза да ги купи оваа година до 500 милиони дози, во замена за повисока цена.

Потегот доаѓа откако ЕУ планира да ги промени законите што ја регулираат фармацевтската индустрија вредна 148 милијарди долари, со надеж дека ќе ги заживее инвестициите и ќе го зголеми пристапот до лекови по пристапни цени, во време кога здравствените буџети се исцрпени поради трошоците за третманите за Ковид-19.

Pfizer одби да го коментира извештајот на FT, но рече дека дискусиите се водат „со добра волја од сите страни“, додека партнерот BioNTech и Европската агенција за лекови (EMA) не одговорија на барањето на Reuters за коментар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП